Добитничките на „оскар“ ги добија главните улоги во новиот филм „Мај – декември“, на прославениот режисер Тод Хејнс. Заплетот го следи животот на една холивудска актерка, која ја игра Натали Портман, која заминува на живописниот брег на Мејн за да се запознае со жената (Џулијан Мур) што треба да ja глуми на филм. Оваа дама била вклучена во таблоидни приказни, две децении порано, поради бракот со дваесет и три години помлад маж. Деталите за филмот беа презентирани од списанието „Вераети“, во кое се открива дека за време на пристигнувањето на актерката, двојката ги испраќа своите деца на колеџ, а нејзината задача е да ги следи промените во семејната динамика.

Сценаристка на овој филм е Сами Бурч, а станува збор за нејзината животна приказна со Алекс Меканик. Од друга страна, веќе споменатиот режисер претходно работеше на филмовите „Керол“, со Руни Мара и Кејт Бланшет во главните улоги и „Далеку од рајот“, во кои Џулијан Мур имаше значајна улога. Овој пат му се допадна предложениот текст, односно паметниот начин на кој се третираше оваа тема.
Натали Портман штотуку го заврши снимањето на филмот „Тор: Љубов и гром“, во режија на Таика Ваитити. Нејзината колешка Џулијан Мур моментно ја гледаме во драмската серија „Приказната на Лиси“ на „Епл плус“, работена според истоимениот роман на Стивен Кинг. Пред неа е и снимањето на уште еден филм, односно адаптација на наградуваниот мјузикл „Почитуван Еван Хансен“, во кој нејзини партнери ќе бидат Бен Плат, Кејтлин Девер и Ејми Адамс.