Објавен е првиот трејлер за научнофантастичната драма „Луси на небото“, во која главната улога ја толкува фантастичната Натали Портман. Новото филмско остварување на режисерот Ноа Холи ја донесува приказната за астронаутката Луси Кол, која по завршувањето на вселенската мисија полека почнува да ја губи врската со реалноста.

Иако Рис Витерспун е извршна продуцентка на филмот, која првобитно требаше да го толкува и главниот лик, улогата на Луси ѝ е доверена на Портман. Покрај неа, во филмот глумат и Џон Хам, Зази Биц, Ден Стивенс, Ник Оферман, Тиг Нотаро и други.
„Луси на небото“ во најголема мера се занимава со менталната состојба на астронаутите по долгите вселенски мисии.

Овој филм до некаде е врзан за животот на астронаутката Луси Новак, која во 2006 година беше дел од мисијата на „Дискавери“, а по враќањето на Земјата започна врска со колегата Бил Офелајн. Меѓутоа тој ја прекина врската со неа и започна нова, со колешката Колин Шипман, што беше пресудно за психичката состојба на Новак. По извесно време таа беше обвинета за обид за киднапирање на Колин и отпуштена од НАСА и од Американската морнарица.

Премиерата на филмот „Луси на небото“ ќе се случи до крајот на годината.