Пол Макартни (77) е првиот музичар за кој беше потврдено дека ќе настапи на фестивалот „Гластонбери“, чие јубилејно, 50-то издание ќе се одржи следната години во Велика Британија.

Бившиот „Битлс“ ќе наполни 78 години една недела пред фестивалот, што ќе го направи негов најстар учесник. Претходно, рекордот го држеше Чарли Вотс од „Ролингстонси“, кој во 2013-та имаше 73 години, кога беше на бината со својот бенд.
Инаку, пред Пол Макартни, на овој престижен фестивал настапиле: Дејвид Боуви, Елвис Костело, Питер Габриел, Ван Морисон, „РЕМ“ и многу други.

Интересно е дека влезниците за наредното издание на фестивалот „Гластонбери“ се распродале за само половина час, откако бил потврден настапот на Макартни. Меѓу другите учесници што го потврдија учеството се и групите „Аеросмит“, „Колдплеј“, Кендрик Ламар и Тејлор Свифт.