Обожавателите на Бијонсе фестивалот „Коачела“ на кој неодамна настапи американската поп-дива го нарекоа „Биојчела“. И врз основа на бројките беа сосема во право.
Живиот пренос на Јутјуб на нејзиниот настап привлече повеќе од 458.000 гледачи што го следеа нејзиниот перформанс, со што е срушен рекордот за најгледана музичка соло-изведба на оваа социјална мрежа.
Тоа значи дека „Коачела“ е најгледан музички фестивал во историјата на Јутјуб.
Исто така, Бијонсе е првата црна жена што ја отворила оваа популарна музичка манифестација во САД.