Актерската двојка Никол Кидман и Хавиер Бардем е во преговори со студиото „Амазон“ за снимање на биографското достигнување за животот на Лусил Бол и нејзиниот сопруг Деси Арназ, пишува списанието „Дедлајн“.
Доколку овие имиња не ви звучат познато, станува збор за авторите на некогашната ситуациска комедија или ситком наречен „Ја сакам Луси“.
Лусил Бол (1911 – 1989) беше една од најголемите комичарки во САД. Во периодот помеѓу 1951 и 1957 година, таа се прослави со улогата во гореспоменатата програма на телевизиската куќа Си-би-ес, во која таа и нејзиниот сопруг ја оживеаја брачната двојка Луси и Рики Рикардо. Таа толкуваше домаќинка, а тој музичар со кубанско потекло. Со текот на времето, тие ја добија довербата кај гледачите и станаа најгледаната серија, која освои дури четири награди „еми“. Она што е особено интересно е тоа што првпат за снимање била користена лента широка 35 мм, во присуство на публика.

На наша голема радост, конечно се подготвува филм, насловен „Да се биде Рикардос“, кој е напишан и режиран од Арон Соркин. За потсетување, тој го освои „оскарот“ за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Социјална мрежа“. Неговото ново достигнување ќе се однесува на процесот на создавање ситком, пред публика во живо.
Првичниот план бил во улогата на Луси да се појави Кејт Бланшет, која не ја прифатила понудата, па нејзиното место го зазеде нејзината колешка Никол Кидман. Од друга страна, Арон Соркин, покрај споменатите улоги, реши да се обиде и како водач на проектот. Засега не се познати очекуваните датуми за почетокот на снимањето и премиерата, бидејќи сè е условено од развојот на пандемијата на коронавирусот.