„Отворено, искрено и без предрасуди“ – наскоро на Сител Телевизија започнува новото дневно шоу „Магазин“, кое ќе се прикажува секој работен ден на во 10.00 часот.

Водителките Јана Серафимова и Јелена Богојевиќ ќе ве одведат во светот на познатите, но и не толку познатите.

Тие ќе ни покажат како живеат славните личности, од прва рака ќе видиме што најмногу ги плаши и на што најчесто тие се радуваат, а исто така и ќе стиснат заби и ќе одговараат на прашања што до сега никој не им ги поставил. Ќе си ја отворат душата и искрено ќе говорат за нивните неуспеси и грешки, за кои работи се засрамиле, а на што се смееле до солзи.

Во „Магазин“, Сања Димитровска и Александар Динев ќе разговараат со медицински лица кои ќе нѐ посоветуваат како до подобро здравје, животен стил, но и кои се здравите навики кои треба да ни станат пракса.

Во 50-минути проследени со возбуда, совети, забава и смеа, во „Магазин“ ќе видите интересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори поткрепени со пригодни награди, но и директни јавувања за гостите во студиото, забавни игри и прашања од фановите.

Сѐ за емисијата можете да најдете и на фејсбук страницата на „Магазин“.