Американската вселенска агенција (НАСА) ги претстави победниците на конкурсот за изгледот на можните живеалишта на Марс, кои беа избрани во соработка со универзитетот „Бредли“, објавува магазинот „Максим“. Жири-комисијата ги разгледа проектите за технолошки напредни домови на 18 тимови од целиот свет.

Моделите се прикажани на површината на Марс, но целта на натпреварувањето беше да се направи дизајн што би бил одржлив насекаде низ галаксијата. 

– Тие не дизајнираат градби, туку живеалишта кои ќе им овозможат на истражувачите на вселената да живеат и да работат на другите планети – се вели во соопштението на НАСА. 

Најдобрите пет учесници поделија награда од 100 илјади долари.

Петто место (награда од 17.881 долари)
Четврто место (19.580)
Трето место (20.622)
Второ место (20.957)
Прво место (20.957)