Американската агенција за вселенски летови НАСА распиша конкурс за нови астронаути бидејќи планира повторно да испрати летала со човечки екипаж на Месечината.

Заминувањето во вселената е сон на многу возрасни луѓе и деца во светот и конкурсот што е распишан важи токму за целиот свет.

Човек не стапнал на Месечината веќе половина век, но НАСА се надева дека тоа ќе се промени. Пред сè, планира меѓу идните астронаути да има и жена, а летот е планиран за 2024 година.

Во НАСА очекуваат дека на овој конкурс ќе најдат погодни кандидати за идни астронаути. Конкурсот е отворен од 2 до 30 март.

Досега за астронаути се избираа исклучиво Американци. Од 1960 година кога беше распишан првиот конкурс за астронаути, НАСА избра 350 кандидати за обука, а денеска имаат само 48 астронаути кои ја сочинуваат вселенската единица. Остана правилото кандидатите да бидат Американци, но сега може да имаат двојно државјанство.