Поставувањето нуклеарен реактор на Месечината можеби звучи како заплет од трилер од Студената војна од 1960-тите години, но еден ден тоа може да биде единствениот начин да се одржат живи астронаутите што живеат таму.
НАСА објави тендер за предлози за „површински енергетски систем на фисија“, како дел од нејзината програма „Артемис“ за враќање на луѓето на Месечината и, евентуално, на Марс. Според плановите на американската вселенска агенција, астронаутите треба два месеца да живеат на Месечината, што ќе стане почетна точка за мисии понатаму во Сончевиот Систем. Проблемот е што една лунарна ноќ може да трае до 14 дена, што ја прави сончевата енергија несигурен извор на енергија за лунарната база.
Површинската моќ на фисијата во комбинација со соларни ќелии, батерии и горивни ќелии може да обезбеди енергија за управување со ровери, спроведување експерименти и користење на ресурсите на Месечината за производство на вода, гориво и други резерви за одржување на животот – соопштија од НАСА.
Прво, ќе мора да биде многу помал од конвенционалните нуклеарни реактори што се користат за производство на електрична енергија на Земјата.

За да стигне до Месечината, реакторот мора да се смести во цилиндричен контејнер широк четири метри и долг шест метри и не може да тежи повеќе од 6.000 килограми. Ако ги преживее лансирањето и слетувањето, реакторот мора да биде пренослив за да може да се земе од местото на слетување и да се користи на друго место на Месечината, каде што ќе произведува најмалку 40 киловати континуирана моќност до десет години. Покрај тоа, НАСА наведува дека реакторот мора да биде целосно автономен.
Не може да се потпре на каква било надворешна моќ или роботска поддршка, ниту на учество на астронаути во вклучувањето, исклучувањето, работењето или одржувањето на системот – се вели во тендерските документи на НАСА.
Претходно оваа година, вселенската агенција и американското министерство за енергетика објавија дека бараат предлози за нуклеарен термички погонски систем што би можел да лансира идни мисии на Марс. Сепак, постојат значителни пречки, реакторот што го придвижува нуклеарниот погонски систем би работел на температури над 2.500 Целзиусови степени, што значи дека сите околни материјали треба да ја преживеат екстремната топлина што се создава.