Наоми Кембел може да ја тужи поранешното момче Владислав Доронин и преку суд да бара да му врати 3 милиони американски долари, пренесува таблоидот „Сан“.

Според правните документи до кои дојде Ти-Ем-Зи, Доронин тврди дека Кембел сè уште поседува дел од неговиот личен имот кој тој го проценува дека изнесува над 3 милиони американски долари.

Според тврдењата на рускиот бизнисмен, Кембел му должи сума пари кои тој ѝ ги позајмил со текот на годините. Доронин вели дека сега Наоми одбива да му ги врати парите.

Доронин е познат како еден од „кралевите на руските недвижнини“. Тој е основач на „Капитал груп“, компанија за развој на недвижнини. Доронин е исто така сопственик, претседател и извршен директор на „Аман“, луксузна хотелска група која работи во 20 земји и е претседател и извршен директор на „ОКО Груп“ фирма за работа со недвижнини.

Се проценува дека Кембел заработила 60 милиони долари како супермодел.

Доронин и Кембел ја започнаа својата врска во 2008 година и беа заедно пет години до 2013 година кога се разделиле. Тие се веќе седум години разделени, но Доронин опстојува на своите тврдења дека Наоми треба да му врати 3 милиони американски долари.

Кембел претходно била во врска со Адам Клејтон басистот на„ Ју ту“ од 1993 до 1994 година, и италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе од 1998 до 2003 година. Наводно, таа се забавувала и со Лиам Пејн два месеци во 2019 година.

Доронин од 2015 година е во врска со рускиот модел Кристина Романова.