Австралиската актерка Наоми Вотс имала напад на анксиозност кога истовремено и се расипале правосмукалката, машината за миење садови и печатарот, во април додека била во изолација, пренесува „Дејли мејл“.

Вотс им ја претставила својата вознемиреност на нејзините обожаватели, објавувајќи забавена снимка од себеси во која таа вреска хистерично.

Во интервју за најновото издание на „Вог“, актерката открива дека секојдневно готви, чита и се грижи за себе.

– Јас сум тип кој планира и неможноста да размислувам премногу далеку ми предизвикува вознемиреност. Во целата таа неизвесност, најдобро е да размислуваме за краток период… како да се издржи денот – вели Вотс притоа раскажувајќи како се справувала со нејзината „анксиозност“.

Вотс која ја поминала изолацијата во Хемптонс со семејството и со бившиот партнер Лив Шрајбер објаснува дека многу и помогнало редовното разговарање со пријателите.

– Ние колективно го споделуваме ова искуство и претежно сите треба да се справиме со одредено ниво на фрустрација, тага или осаменост, и затоа сите треба да најдеме начини за да се поврземе – посочи Вотс.

Таа рече дека често вежба, готви, слуша аудио-книги и чита за да се избори со вознемиреноста, како и дека се обидува да даде приоритет на негата кон себеси.