Нега и убавина

Летото е време кога секојдневно сме изложени на сонце, па затоа ни треба и заштита. Меѓутоа, многумина често погрешно ги користат средствата за заштита од сонце. Кремовите за сончање обично се користат во жешките летни месеци за да нѐ заштитат од силните сончеви зраци. Дерматолозите наведуваат неколку најчести грешки што луѓето ги прават со кремовите за сончање, а кои треба да се избегнуваат.
Нанесувате крем само ако сте на отворено – е првата грешка. Шерил Густафсон, дерматолог од универзитетот „Емори“ и портпаролка на Фондацијата за карцином на кожа, верува дека првата грешка што ја прават луѓето е што го нанесуваат кремот само кога знаат дека ќе поминат извесно време надвор или на плажа.
– Сончевите зраци доаѓаат во контакт со нашата кожа и во други ситуации, на пример кога возите автомобил или седите покрај прозорец, па дури и тогаш треба да нанесете крем за да се заштитите – вели таа.ж
За да го направите сончањето дел од вашата дневна рутина, Густафсон советува да започнете да користите лосиони за лице и тело што содржат одреден заштитен фактор.