Современиот начин на живот и многубројните обврски не оставаат доволно време за секојдневно приготвување ручек, па затоа истото јадење често го оставаме за наредниот ден. Сепак, сите јадења не се погодни за повторно загревање, бидејќи тие можат да станат токсични. Поради оваа причина, треба да бидете претпазливи со некои видови храна.

Ориз – Загреаниот ориз, ако не се чува правилно, може да предизвика дијареја или повраќање. Ако се чуваат на собна температура, токсичните бактерии се развиваат многу брзо во него. Затоа, варениот ориз треба да се чува во фрижидер во затворен сад. Безбеден е за употреба ако се загрее и веднаш се изеде.

Компир – Ако варениот компир се чува на собна температура, многу брзо може да се развијат бактерии што предизвикуваат труење со храна. Најдобро би било веќе приготвениот компир да се чува во фрижидер. Треба да се загрева во микробранова печка или на рингла.

Кромид, целер и цвекло – Овие намирници се чести состојки во супите и чорбите. Меѓутоа, ако се загреат, тие можат да ослободат токсини. Причината за загриженост се нитратите што се наоѓаат во оваа храна. Особено е опасно ако се загреваат неколкупати, па затоа би било најдобро да се загрева само количеството што сигурно ќе се јаде.

Јајца – Без разлика дали се варени, пржени или печени, јајцата никогаш не треба да се загреваат. Со оглед на тоа дека се богати со протеини, подгревањето може да ја смени нивната структура и да предизвика сериозни проблеми со дигестивниот тракт.

Пилешко – Исто како јајцата, пилешкото е многу богато со протеини. Ако се консумира подгреано, може да предизвика болки во стомакот, дијареја или повраќање. Потребно е пилешкото добро да се приготви, односно да се загрее доволно долго за да биде топло однатре. Најдоброто решение е да го јадете ладно во салата или сендвич.

Масла и маснотии – Многу од маслата оксидираат многу брзо, како што се маслата од лешник, орев, авокадо и масло од семе од грозје. Ако ги искористите повторно за готвење или пржење, ќе се создадат опасни трансмасти. Поточно, најдобро би било да не се користи каков било вид маснотии повеќе од еднаш, туку да се фрлаат веднаш по употребата.

Печурки – Протеините во печурките ја менуваат својата структура кога се загреваат и затоа можат да бидат многу опасни. Исто така, не се препорачува чување на печурките на собна температура, бидејќи тие можат да ослободат токсини доколку не се чуваат на суво и ладно место, како што се препорачува. Најдобро би било печурките да се консумираат веднаш по приготвувањето и да не се чуваат во фрижидер повеќе од еден ден.