Здрава храна

Одржувањето на холестеролот на нормално ниво е можно со правилна исхрана, односно со користење одбрани намирници. Наедно, со тоа се намалува ризикот од срцеви заболувања.
Темно чоколадо: можеби звучи чудно, но додавањето малку црно чоколадо и какао во исхраната е добро за срцето. Научни студии покажаа дека флавоноидите што ги содржат темното чоколадо и какаото го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Но не треба да се претерува, поради шеќерот што го содржат повеќето чоколади. Најдобро е да се ограничи дневното внесување чоколадо на една помала порција (100 грама), и тоа да се избере такво што содржи 70 или повеќе проценти какао.
Јаткасти плодови: тие содржат многу хранливи состојки, здрави масти, влакна и антиоксиданти. Еден експеримент покажа дека луѓето што
секојдневно јаделе ореви и слични плодви имаат помал ризик од кардиоваскуларни и коронарни болести. Оревите содржат омега-3 масна алфа- линоленска киселина, што, покрај другите придобивки, спречува и срцев и мозочен удар.
Грав: освен што е добар извор на протеини и минерали (железо и магнезиум), гравот содржи и растителни влакна, кои се топат во организмот и создаваат материјал сличен на гел додека минуваат низ органите за варење.