За сите оние што сонувале кино во својата спална, киносалата „Пате“, во општината Спрајтенбах, во близината на швајцарско-германската граница, се приближи до ваквиот сон со отворањето ВИП-спална соба со брачни кревети наместо со традиционалните здодевни седишта.

Уникатната киносала има 11 кревети со приспособливи потпирачи за глава, сиви и драп-чаршафи и две перници. Постојат дури и масички покрај креветите за да се чувствувате како дома.
Еден ВИП-билет чини 49 франци (околу 48,50 американски долари) и вклучува бесплатна храна и пијалак, а редовните билети чинат 19,50 франци (19 американски долари). Со плаќање на ВИП-билетот не треба да чекате во редици за да купите грицки, закуски и пијалаци.

Киното дури нуди и влечки за да ви биде попријатно. И во случај да не ви се допаѓа доволно, Венанзио ди Бако, извршниот директор на „Пате Швајцарија“, неодамна соопшти дека воведуваат нови понуди за храна, вклучувајќи вафли и палачинки.
Дури и најмладите посетители може да уживаат во својот простор.