Кралицата Елизабета Втора, наводно, не ѝ дозволувала на Меган Маркл да го носи нејзиниот накит, додека на Кејт Мидлтон тоа ѝ го дозволила, пишува британски „Експрес“

Кралските скапоцености имаат важна улога во кралскиот протокол. Од посебна важност е правилото на кралицата според кое само сопругите на принцовите смеат да носат тијари. Меган, пак, многу често носела накит. Таков е и нејзиниот прстен на кој е изгравиран датумот на раѓањето на нејзиниот син Арчи. Уште на почетокот на врската со Хари таа носела ѓердан со буквата Х.

Во неколку наврати Меган носела накит на починатата принцеза Дајана. Доколку има посебна прилика Меган пак ќе може да носи накит од кралската колекција, но со одобрување од кралицата. Елизабета Втора никогаш не ѝ дала на Меган да носи нејзин накит, освен на денот на венчавката со Хари, кога Меган ја носела тијарата што припаѓала на бабата на кралицата Елизабета, тврди „Експрес“.

Меган Маркл се надевала на својата венчавка дека ќе ја носи смарагдната тијара, но кралицата не го дозволила тоа, што уште тогаш предизвикало тензии во семејството, според британскиот весник. Бидејќи Кејт Мидлтон има дозвола од Елизабета да носи нејзин накит, многумина сметаат дкеа кралицата ги фаворизира сопругите на принцовите кои се први по ред за наследство. Тоа во овој случај е принцот Вилијам.