Одењето е наједноставниот начин за физичка рекреација. Дури и само половина час одење дневно може да влијае многу на здравјето, кондицијата и, секако, на слабеењето и одржувањето во добра форма. Научниците откриле интересен и едноставен трик со кој тврдат дека можат да се изгубат 20 отсто повеќе калории отколку со вообичаено пешачење.
Брзото одење е одличен начин за вежбање на целото тело и за губење на калориите, но истражувањето на американскиот универзитет „Охајо“ открива дека постои и подобар начин да добиете подобра кондиција при пешачење, како поцврсти мускули, согорување повеќе калориите и килограми.

Според нивната студија, доколку при пешачење се менува брзината на одењето, да се забрзува и наизменично да се забавува, може да се потрошат 20 проценти повеќе калории од одењето со константно темпо. Менувањето на брзината при одење, опишуваат научниците, влијае исто како и стискањето на педалот за гас, а секоја промена на ритамот бара и појака работа на нозете.
Во истражувањето испитаниците движејќи се на лента за трчање ја менувале брзината на одењето. Кога се обидувале да забрзаат или да забават, потрошиле повеќе калории.