Еди ван Хален, почитуван гитарист и коосновач на популарната рок-група „Ван Хален“, почина од рак на 65 години, објави неговиот син.

Иновативното и експлозивно свирење го направија Еди да биде еден од најдобрите хевиметал гитаристи на сите времиња. Американскиот музичар со холандско потекло долго време се лекуваше од рак на грлото.

Некои од најголемите имиња на рок музиката му оддадоа почит на социјалните мрежи на како што го нарекуваат „Моцарт на рок-гитарата“, а Џин Симонс пејачот на „Кис“ го нарече „бог на гитарата“.

Магазинот „Ролинг стоун“ го избра Ван Хален за еден од осумтте најдобри гитаристи на сите времиња на својата топ 100 листа.

Еди ја основал групата „Ван Хален“ заедно со својот брат Алекс во 1972 година и со истоимениот прв албум од 1978 навести дека тоа ќе биде музички бенд на кој ќе доминира неговото маестрално свирење. Групата има издадено 12 студиски албуми и беше еден од предводниците на американскиот хеви метал во 80-те, што беше потврдено со нивниот хит „Jump“, кој беше и на првото место на американската топ листа во 1984 година. Групата има продадено повеќе од 80 милиони албуми.