1. „Дури и за чудата е потребно малку време“
– „Пепелашка“
Илјадапати сме биле сведоци на разни чуда, но кога ќе паднеме во рутина и ќе влеземе во „потемен“ период, забораваме дека тие постојат. Ако животот е неправеден, универзумот не е. Во еден момент тој ви враќа сè што зел, но понекогаш му треба малку повеќе време.
2. „Минатото може да боли. Но еве како ги гледам работите – може да побегнете од тоа или да научите нешто “ – „Кралот лав“
Никој сè уште не избегал од своето минато. Тоа е дел од нас и нѐ прави она што сме.
3. „Оние работи што те влечат надолу ќе ти помогнат да станеш“ – „Дамбо“
Кога паѓаме, не можеме лесно да станеме. Додека паѓаме, се повредуваме и затоа мора да станеме полека, за да не се отворат раните што заздравуваат.

4. „Слушајте со срцето и ќе разберете“ – „Покахонтас“
Разумот не е секогаш најразумен. Понекогаш треба да поминеме низ животот слушајќи ги срцето и стомакот, бидејќи само тие никогаш не прават грешки.

5. „Си дадов многу добар совет, но ретко го применувам“ – „Алиса во земјата на чудата“
Кога се слушаме како ги советуваме другите, честопати мислиме: „Боже, колку убаво го составив ова. Зошто сум секогаш попаметен за другите отколку за себе? Имаме исто количество интелигенција за себе и за другите, само другите нè слушаат, а ние самите не.

6. „Може ли некој навистина да биде среќен ако не е на слобода“ – „Убавицата и ѕeверот“
Слободата и среќата се синоними. Не одат едно без друго. Додека бараме среќа, ќе ја најдеме слободата и обратно.

7. „Каде што нешто паѓа, расте нешто друго. Можеби не истото она од порано, туку нешто ново и прекрасно“ – „Бамби“
Кога една врата се затвора, се отвора прозорец. И кога прозорецот нема да се отвори, ќе го срушиме ѕидот. Секогаш ќе нè чека нешто повредно и подобро, само треба да најдеме начин да го видиме.