Повеќе жени го обвиниле актерот Морган Фримен поради непримерно однесување и сексуално злоставување, објави Си-ен-ен.

Обвиненијата се појавија денеска, кога неидентификувана жена изјави за Си-ен-ен дека актерот ја злоставувал во 2015 година кога работела како асистент на продукцијата во комедијата „Во голем стил“, во која глумеше Фримен.

Жената вели дека Фримен често непримерно ја допирал и имал коментари за нејзиното тело и облеката речиси секој ден.

Вкупно 16 луѓе разговарале со Си-ен-ен за Фримен, при што осум жени тврдат дека биле жртви.

Актерот засега не се огласи во врска со обвинувањата.