Принцот Хари не може да работи во „Мекдоналдс“ или банка во Лос Анџелес, тврди кралски експерт за таблоидот „Експрес“.

Хари и сопругата Меган се преселија во калифорнискиот град годинава откако официјално се повлекоа од кралското семејство. Парот беше фотографиран како изведува разни добротворни и волонтерски работи откако се сместија во Лос Анџелес, но веќе минатата недела се тврдеше дека Сасексите сè уште не оствариле приход.

Автор Том Квин кој пишува за кралското семејство го отвори прашањето што ќе може да стори принцот Хари во однос на неговата кариера во САД.

– Која е неговата улога? Тој не може да го шета лабрадорот секој ден до крајот на животот. Тој не може да добие работа во „Мекдоналдс“ или во инвестициска банка. Што ќе прави. Не велам дека Хари апсолутно го мрази тоа во Америка, но со самата преселба Хари се чувствува малку изгубен, затоа што сега го доживува во Америка она што Меган го доживувала тука – изјави Квин „Дејли Стар“.

Војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа од кралското семејство во март, со цел да живеат посамостојно и да избегаат од напорните медиуми, стои во нивната официјална изјава.

Претставникот на принцот одговори на тврдењата на Квин, нарекувајќи ги „глупости“.

Парот претходно ги изнесе пред јавноста своите намери приватно да се финансираат „со дозвола сами да заработуваат “.