Планирате да инвестирате во дизајнерски чевли или торба, но сакате да бидете сигурни дека ќе инвестирате во бренд во кој со години ќе уживате и кој со години ќе ужива огромна популарност?
Вистина е дека во изминатата година се купуваше помалку од кога било. Бидејќи повеќето луѓе го поминуваат поголемиот дел од своето време дома, некако немаше многу смисла да се трошат пари на облека и обувки за кои знаеме дека нема каде да се носат. Кога станува збор за дизајнерски брендови, ретки се оние што ја носат титулата најдобри во светот. Ова најмногу се должи на репутацијата и традицијата што тие ја градеа со текот на годините за да бидат таму каде што се денес – на модниот трон и целосно заслужено. Соработката со други дизајнери, ангажирањето познати личности за заштитни лица, вработувањето нови талентирани дизајнери со свежи идеи и лансирањето ограничени колекции, секако, помагаат во одржувањето на угледот и традицијата.
Овој пат составивме листа на најдобри дизајнерски брендови што се познати како лидери во модната индустрија, а интересно е да се напомене дека неколку од нив се стари над 100 години, а некои доминираат на модната сцена два века. Најдобрите дизајнерски брендови на денешницата се:

1. „Луј Витон“
2. „Гучи“
3. „Прада“
4. „Диор“
5. „Селин“
6. „Баленсијага“
7. „Ермес“
8. „Сен Лорен“
9. „Монклер“
10. „Шанел“
11. „Ботега Венета“
Луксузната модна куќа „Ермес“ порано произведуваше седла и кочии, а денес е позната по своите скапи кожени чанти по кои копнеат сите модни зависници. Фактот дека чантата „биркин“ со дијаманти беше продадена на аукција во 2017 година за речиси 300.000 фунти зборува многу за тоа колку е побаруван овој бренд.
„Луј Витон“ е исто така бренд од старата школа со богата историја, кој е еден од најбараните денес. Основана во 1854 година, француската модна куќа се избори за својот култен статус благодарение на своето препознатливо лого – монограмот ЛВ, кој се појавува на сè, од куфери до обетки. Никола Геские, сегашниот креативен директор се обидува да ја освежи секоја претстојна колекција, иако култните модели на торби како „спиди“, „неверфул“, „алма“ и „локит“ секогаш ќе бидат примамливи за тие што го следат трендот.
Иако не е еден од традиционалните француски брендови, „Монклер“ добива огромна популарност од година на година. Во последните шеесет години, брендот беше омилен избор за љубителите на скијањето и на други спортови на отворено.
Благодарение на новиот креативен директор, Даниел Ли, модната куќа „Ботега Венета“ повторно ужива во стариот сјај. Сè што е дизајнирано од талентираниот дизајнер, веднаш станува најбараното парче меѓу модните зависници.

На врвот на својата популарност е модната куќа „Прада“. Визијата на Мјуча Прада во комбинација со онаа на Рафа Симонс е очигледно најдобрата одлука на италијанската модна куќа. Култните најлонски торби што беа хит во 1990-тите години, ги преживуваат своите пет минути слава. Ќесињата се дел од иницијативата за брендот „Ре-најлон“, чија цел е да се издигне свеста и да се охрабрат луѓето да купуваат парчиња направени од одржливи материјали, како што е рециклиран пластичен отпад.
Француската куќа „Шанел“, основана во 1909 година од Габриел Коко Шанел, дефинитивно е една од легендите. И покрај тоа што играше безбедна картичка со сите тие твид-јакни, чанти со синџири и балетанки со контрастно капаче, „Шанел“ гледа и кон иднината. „Шанел конектс“ беше претставена овој месец низ серија на подкасти што ги обединува креативните умови како Фарел Вилијамс, Кира Најтли и Тилда Свинтон, за да разговараат за „што е најважно и што ќе се случи следно“.

Откога Алесандро Микеле стана креативен директор на „Гучи“, неговите разиграни, ексцентрични дизајни добија култен статус. Чевли, чанти, циркони, разиграни фустани, светли бои и впечатливи отпечатоци – сето тоа се типични елементи на „Гучи“ што нѐ прават среќни.
За тоа време, Диор Марија Грација Чиури лансираше нова шик чанта што можете да ја носите преку рамото или во раката. Неодамнешното заживување на модната куќа „Селин“ се должи на креативниот директор Хеди Слимане, кој ја зачува традицијата на модната куќа со своите плисирани здолништа. Додека Демна Гвасалија реши да се држи до футуристичкиот поглед на модната куќа „Баленсијага“, исто како основачот Кристобал Баленсијага, кога го отвори неговото студио во 1937 година.
Традицијата ја почитуваше Ентони Вакарело од „Сен Лорен“, кој сè уште го одржува брендот секси, елегантен и релевантен, а така ќе биде и во следните дваесет години.