На модните ревии што се одржаа неодамна, особено онаа на дизајнерот Жакемус, беа најавени модните трендови за есента 2021 година, меѓу кои се истакнуваше комбинацијата „колор блок“ од светлоцрвена и розова циклама. И покрај летото и условите што овозможуваат мноштво спротивставени бои, Жакемус им даде примат на две светли бои, иако на колекцијата не ѝ недостигаа парчиња во неутрални бои.
На модната ревија на брендот „Сајмон Порт“ за сезоната есен/зима 2021 година,која се одржа во Париз, дизајнерот во неговата колекција на отворено се фокусира на враќањето на циклама-розовите и светлоцрвените тонови.
Колекцијата означи враќање на пистата за Жакемус, чија последна модна ревија во живо со присуство на публика се одржа на бајковитите полиња со лаванда во Прованса во 2019 година.
– За оваа колекција, по една специфична година, сакав да ги соберам луѓето и да го споделиме овој моден момент заедно – напиша Жакемус на секое место за седење на изложбата што се одржа во гигантското филмско студио „Сите ду синема“.
Брендот, кој се откажа од претставување на колекцијата за пролет/лето 2021 година, понуди и парчиња што потсетуваат на планинарска опрема, меѓу кои може да се најдат велосипедски шорцеви и влечки обложени со крзно. Тоа е доказ дека трендот на удобност што започна со пандемијата и физичкото дистанцирање ќе продолжи да владее кога ќе се вратиме во нормалниот живот.
Заедно со Бела Хадид и Кендал Џенер, кои се вратија на пистата по кратка пауза, Жакемус обедини низа познати модели, меѓу кои и Холанѓанката Џил Кортлев.