Модниот дизајнер Томи Хилфигер пушта во продажба нова колекција прилагодена за лица со различни видови попреченост.

Хилфигер всушност лани ја покрена линијата облека за лица со попреченост, а сега само ја проширува. Како и обично, парчињата облека се елегантни, модерни, и практични за луѓе кои користат протетика или пак, се движат во ортопедска количка.

– Вклученоста и демократизацијата на модата отсекогаш биле во сржта на мојот бренд. Оваа колекција ќе се надградува во тој поглед, и ќе им помага на луѓето со попреченост да се изразуваат преку модата – нагласува светски познатиот дизајнер.

Во понудата има кошули, панталони, маици, бермуди и фустани, со дополнителни патенти, магнетни копчиња или лепенки, коишто речиси и не се забележуваат на облеката.