Канаѓанецот Рик Џенест е пронајден мртов во неговиот стан во Монтреал, а според првичните информации станува збор за самоубиство.

Овој 32-годишен модел стана познат по појавувањето во музичкото видео „Born this way“ на Лејди Гага, а оттогаш почна да се претставува како „Зомби бој“.

Лејди Гага, со која се спријатели по оваа соработка, изјави дека по веста за неговата смрт е скршена од болка.

Џенест беше препознатлив по неговите тетоважи поради кои влезе во Гинисовата книга на рекордите за најголем број истетовирани инсекти, вкупно 176.

Тој работеше на многу кампањи за познати модни брендови и се појавуваше на насловните страници на списанија како „Вог“. Сними и неколку споредни улоги во серии и филмови.

На 15-годишна возраст му бил отстранет тумор од мозокот, по што на 16 години ја направил првата тетоважа, а до 19 година целото тело му било прекриено со тетоважи.

Џенест на седми август требаше да наполни 33 години.