„Челинџер дома“ (#ChallengerДомa) e мобилна апликација која ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат коронавирусот, информираат од тимот на „Челинџер“, кои вчера ја лансираа оваа алатка, и посочија дека граѓаните можат да ја инсталираат преку продавницата за апликации на мобилните телфони.

Алатката, како што истакнаа од тимот, користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома.
– Пандемијата не поттикна да креираме мобилна апликација за граѓаните што ја нарековме #ChallengerДома за да не мотивира сите во државава да остaнеме дома. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени „дома-поени“ што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси – рече Олга Рајчиќ од „Челинџер“.
„Челинџер дома“ ќе биде во функција се додека трае пандемијата.