Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, почнува свое кулинарско шоу за најмладата публика на Нетфликс.
Имено, Обама ќе биде ѕвезда и извршна продуцентка на емисијата „Вафлс плас Мочи“, која ќе почне да се емитува на 16 март. Говорејќи за оваа кулинарска емисија, Мишел појаснува дека нејзината содржина ќе биде насочена кон децата. Во неа ќе се појават две кукли, наречени Вафлс и Мочи, а Обама наводно ќе биде сопственичка на маркетот. Ова шоу, всушност, ќе го прикажува нивното „патување“, на кое тие се стремат да станат готвачи.
– Заедно со пријателски лица, како и сопственичката на супермаркетот Мишел Обама, во шоуто ќе се појавува и волшебна летачка кошница како водич. Меѓутоа, главни ликови ќе бидат Вафли и Мочи, кои ќе патуваат низ светот преку шоуто, запознавајќи се со странските кујни, ќе си играат со различни зачини, ќе готват со познати готвачи деца, но и со познати личности – велат од Нетфликс.
Темата на шоуто е поврзана со слоганот на Обама „Ајде да се движиме“, кој ја обележи нејзината кампања за јавно здравје, чија цел беше борба против дебелината кај децата.
„Вафлс плас Мочи“ е само еден од низата телевизиски потфати на поранешната прва дама. Имено, документарецот на Обама „Станувајќи“ (Мојата приказна) се прикажува на Нетфликс од 2020 година, а своја премиера имаше и на „Спотифај“. Инаку, Мишел и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, со Нетфликс потпишаа повеќегодишен договор за производство на филмови и серии на нивната продукциска куќа „Хаер граунд продакшнс“, пишува „Си-ен-ен“.