Дискриминацијата преку предрасуди доведува до тоа постарите лица често да ја поминуваат својата старост во сиромаштија, со хронични неизлечиви болести, како бездомници, како жртви на насилство или злоупотреба, неможност за едуцирање. Ова се некои од митовите и предрасудите.
Старите луѓе се непродуктивни и товар за општеството: Повеќето стари лица работат до длабока старост, издржувајќи се себеси и другите, преку платена и неплатена работа.

Староста започнува на 60 години: Постојат луѓе што се „стари“ и на 30-годишна возраст, додека други живеат исполнет и продуктивен живот и до 100 години.
Старите луѓе се слаби, кревки и со инвалидитет: Болеста и попреченоста не се задолжителни во староста. Колку една личност е поздрава во текот на целиот живот, толку е помала веројатноста дека таа ќе страда од хронични заболувања во староста.
Старите луѓе забораваат: Способноста за памтење се менува со текот на годините и постарите лица веќе не се сеќаваат толку брзо, но стереотипот дека старите луѓе забораваат е неточен. Многу работи може да влијаат врз способноста за паметење на која било возраст (стрес, загриженост, депресија или болест).

Старите луѓе не се способни да учат и немаат потреба од образование: Истражувањата докажуваат дека постарите лица се исто толку способни да учат како и секој друг, но може да не бидат секогаш сигурни во своите способности.