Фотографијата направена од роботизираниот ровер „Кјуриосити“ на НАСА фотографираше мистериозно светло на Марс. Црно-белата фотографија прикажува пустинскиот пејзаж со високи карпести ридови во заднина.

Претходно НАСА призна дека има слични аномалии во фотографиите направени од роверот. Оваа слика е направена на 16 јуни 2019 година, а теоретичарите на заговор велат дека фотографијата е доказ за постоење вонземски живот на Црвената Планета, но поверојатно е дека станува збор за природна појава на космичко зрачење.

Роверот слета на површината на Марс во 2012 година. Оттогаш „Кјуриосити“ ја истражува целата планета, собирајќи огромни количества податоци и фотографии. На многу други фотографии што се испратени од роверот, исто така можат да се забележат мистериозни светла.