Стотици слонови, наводно, мистериозно умреле уште од мај во делтата Окаванго во Боцвана. Земјата ја има најголемата популација на слонови во светот, се проценува дека таму живеат околу 130 илјади слона.

Одделот за дивиот животински свет и национални паркови во Боцвана соопшти дека мобилизира тимови и авиони за подобро да ги разберат „мистериозните смртни случаи“. Биле собрани примероци за анализа во лабораториите во Јужна Африка, Зимбабве и Канада, а антраксот се исклучува како причина. Ловокрадството останува закана во земјата, но исто така и тоа се отфрла како причина за умирањето на слоновите.

Директорот на конзерваторската група за заштита на Националниот парк, Марк Хајли, ја опиша ситуацијата како една од најголемите еколошки катастрофи во овој век, и тоа точно среде една од најпопуларните дестинации за туризам во Африка.
– Слоновите почнаа да умираат во огромен број уште на почетокот на мај и Владата нормално реагираше во рок од неколку дена на настан од ваков обем. Сепак, тука сме, месеци подоцна, без завршено тестирање и без повеќе информации отколку што имавме на почетокот – истакна Хајли.