Не ја пропуштајте можноста „Кралот на пирамидите“ да Ви ја раскаже мистериозната приказна за древниот Египет и фаталната Клеопатра. Кога ќе помислите на древниот Египет, помислувате на него и неговите откритија. Тој е исто така познат како „Кралот на пирамидите“, човекот кој ги открива тајните чувани од египетскиот песок со векови и ги презентира на најпривлечен начин.

Благодарение на него, љубителите на археологијата, од експерти до аматери, уживаат во откритијата за кои човекот до неодамна можел само да сонува.

За прв пат во Белград гостува светската ѕвезда од доменот на археологија, познатиот д-р Захи Хавас!

Зошто д-р Захи Хавас е единствен во своето научноистражувачко поле?

Станува збор за ретко надарен археолог, поранешен генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети во Каиро и прв министер за антиквитети, кој никогаш не престанува да изненадува. Со својот тим, тој е на прагот на одлични откритија кои тој лично ќе ги презентира на своите предавања, на 07 и 08 декември, во белградската опера и театар  „Madlenianum”.

Сите оние кои го сакаат новооткриениот дух од минатото можат да уживаат во приказни за:

  • Откривањето на мумијата на кралицата Хатшепсут

  • Мумиите на членовите на семејството на кралот Тутанкамон и мистериите за смртта на Рамзес III

  • Нови откритија околу Големата пирамида и Сфингата

  • Нови гробници пронајдени во наоѓалиштето Saqqara

  • Откривање на тајни врати во Големата пирамида

  • Нови откритија во долгогодишната потрага по гробот на кралицата Клеопатра и гробот на Марко Антониј


Како резултат на интересните предавања низ целиот свет, бројните книги за разни профили на читатели и популарните ТВ-документарци за древната египетска цивилизација, д-р Захи стекна бројни следбеници ширум светот.

„Верувам дека досега се откриени само 30 отсто од египетските споменици, додека 70 отсто сè уште се закопани под песок. Никогаш не знаеш кои тајни ги крие песокот” е познатата изрека на чуварот на клучевите на тајните на древната египетска цивилизација, која сè уште нè изненадува со нови откритија.

Според светски познатата актерска ѕвезда Омар Шариф, д-р Захи Хавас го претставува сето она што е прекрасно во минатото на Египет. За неговата широка визија и неверојатни откритија, како и за прекрасните приказни за фараоните што ги пронаоѓа втиснати меѓу блоковите на древните пирамиди, погледнете на следниов линк.