Мирисите се многу важен дел од нашите животи и токму со нивна помош се враќаат најсилните спомени

Секој од нас има омилен мирис на природата, омилен парфем и омилен мирис на омекнувач. Мирисите се многу важен дел од нашите животи и токму со нивна помош се враќаат најсилните спомени. Научниците истражувале кои мириси ги расположуваат луѓето и ги прават среќни. Најдобар пример за ова е кремот за сончање. Но има и други мириси што ќе ве насмеат од уво до уво…

Бор
Истражувањата покажаа дека повеќето луѓе се радуваат веднаш кога ќе почувствуваат мирис на борово дрво. Во принцип, мирисот на ова зимзелено дрво го поврзуваме со празникот и времето на Нова година, што за повеќето луѓе е најсреќниот период од годината. Докажано е и дека мирисот на бор ја ублажува вознемиреноста и дека одењето низ борова шума е добра терапија против депресија.

Цитруси
Ако барате моментална доза на среќа и енергија, мирисајте цитруси. Докажано е дека мирисот на ова суперздраво овошје ве исполнува со енергија и ве подготвува за убав ден. Мирисот на лимон особено се издвојува како мирис што ја намалува вознемиреноста и го прави човекот посреќен.

Лосион за сончање
Не мора да го објаснуваме конкретно овој мирис. Секојпат кога ќе помирисате крем за сончање, веднаш се телепортирате до сончева плажа, со коктел во рака. Ова е причината зошто многу производители на кремови за сончање користат слични мириси.

Свежо косена трева
Свежо искосената трева нè прави среќни не само затоа што нè потсетува на пролетните денови туку и затоа што ослободува одредени хемикалии што нѐ смируваат и нè прават посреќни. Така, следниот пат кога ќе се чувствувате депресивно – искосете ја својата градина.

Цвеќиња
Изреката „застани и помирисај ги розите“ буквално може да ти донесе среќа. Ќе почувствувате уште поголем ефект ако наместо роза, помирисате лаванда или јасмин, за кои е докажано дека ги елиминираат нервозата и стресот и ги релаксираат целото тело и умот.

Рузмарин
Покрај тоа што го обожаваат во далматинските специјалитети, рузмаринот добро ќе служи и како брз антидепресив. Докажано е дека мирисот на рузмарин ја подобрува функцијата на мозокот и ве прави посреќни.

Нане
Додека чајот од нане ве смирува и релаксира, мирисот на есенцијалното масло од нане има многу поинаков ефект. Само неколку капки од ова масло се доволни за да ги вратите вашата енергија и доброто расположение, а за подобри перформанси пред важните натпревари, го мирисаат дури и професионалните спортисти.

Бебешка пудра
Ние ги поврзуваме спомените со мирисот дури и без да сме свесни за тоа. На мирисот на детска пудра се сеќаваме уште од најмала возраст и нè потсетува на безгрижноста, безбедноста и стабилноста што сме ги имале како бебиња.