Најдобра мини-серија отсекогаш билe мистериите, бидејќи на крајот од секоја епизода, секогаш ве оставаат заинтригирани, така што не можете да одолеете да не ја изгледате следната епизода

Кога не можеме да најдеме добар филм и не сме врзани за серија од 18 сезони, а се снима 19-та, вистинското решение е мини-серија. Мини-сериите обично имаат десетина епизоди, па можеме да им посветиме еден викенд без грижа на совеста. Најдобра мини-серија отсекогаш билe мистериите, бидејќи на крајот од секоја епизода, секогаш ве оставаат заинтригирани, така што не можете да одолеете да не ја изгледате следната епизода. Ви претставуваме пет фантастични мини-серии.

1. „Враќањето“
Оваа серија ги надмина сите наши големи очекувања, кога видовме дека главните улоги ги играат Никол Кидман и Хју Грант. Оваа мистерија нè носи до Петтата авенија, каде што имаме можност да ѕирнеме во (не)среќните животи на „кругот на двајца“ во Њујорк. Кога ќе најдат мртва една од мајките во основно училиште во Менхетн, почнува да се развива приказна што нѐ држи во неизвесност до последната епизода.

2. „Зад нејзините очи“

Една од ретките добри работи што ни ги донесе 2020 година е дефинитивно оваа серија. Психолошкиот трилер, кој има шест епизоди, ја следи приказната за самохрана мајка, која по страсната ноќ со странец, сфаќа дека тој е нејзиниот нов шеф. Таа започнува афера со него, но исто така развива пријателство со неговата психички болна сопруга. Оваа серија ќе ја следите со широко отворени очи, додека комплетно неочекуваниот крај ќе го следите со отворена уста.

3. „Телохранител“

Оваа мини-серија е прогласена за најдобра британска серија во оваа деценија. Заплетот е фокусиран на воен ветеран, кој станал полицаец, а неговата задача е да заштити политичар што се соочува со смртни закани. Ако сакате политички заговори и криминални серии, серијата „Телохранител“ е нивната најдобра комбинација.

4. „Мали пожари насекаде“

Рис Витерспун и Кери Вашингтон може да се видат на малите екрани за првпат во оваа мини-серија од осум епизоди. Во првата сцена ја гледаме куќата како гори до темел, поради пожар што избувнал во спалната соба. Кога приказната се враќа на претходното лето, сфаќаме дека ова е приказна за две жени, богата мајка на четири деца и самохрана мајка со слободен дух, чии животи се предодредени да бидат поврзани. Овој криминален трилер е само оклоп за темите зафатени длабоко под него, а тоа се мајчинството, женската амбиција и сексуалната политика.

5. „Знам дека ова е вистина“

Марк Руфало ја доби престижната награда САГ за неговата улога во оваа серија. Врз основа на истоимената книга од 1998 година, фокусот на оваа серија е насочен кон идентични близнаци, од кои едниот страда од параноидна шизофренија. Оваа драма сурово ги разоткрива човечката мизерија, траума и трагедија. Сето ова е покриено со превезот на мистерија што висел уште од раѓањето на близнаците. Двата лика фантастично ги игра Марк Руфало, а од споредните ликови до епизодните улоги, сите актери се генијални. Оваа серија ќе ја следите со задоволство.