Посебна линија на ексклузивен дизајнерски модел на популарниот автомобил „мини морис“ ќе биде издадена во чест на 60-годишнината од создавањето на овој автомобил.

Специјалниот модел ќе го има традиционалниот спортски дух и препознатливата британска атмосфера, што го претворија автомобилот во класика. Специфичните дизајнерски додатоци во екстериерот и ентериерот се тие кои го нагласуваат новиот „пргав“ карактер на мал автомобил, објави „Монитор“ во репортажа за јубилејот на британската икона.

За 60 години постоење, секој еден љубител на ова возило се сложува дека искуството е спој од чувството на управување картинг и практичната полза од автопатиштата.