Научници откриле 24 од познатите 4.500 егзопланети кои исполнуваат одредени критериуми како што се близина до ѕвезди, старост, големина, маса, влажност и температура, пренесува „Скај њуз“.

Тоа не значи дека на сите 24 планети има знаци на живот, туку дека условите за живот се посоодветни отколку на Земјата и дека некои од нив кружат околу ѕвезди што можеби се подобри од нашето Сонце, според истражувачите.

Тим од универзитетот во Вашингтон предводен од професорот Дирк Шулце-Макуч ги идентификувал планетите што се на оддалеченост од над 100 светлосни години од Земјата. Според Шулце-Макуч новите телескопи можат да помогнат за да се добијат нови информации за потенцијаните планети со услови за живот.

– Имаме многубројни комплексни и разновидни животни форми и многу од нив можат да преживеат во екстремни околини. Добро е да се има приспособлив живот, но тоа не значи дека го имаме најдоброто од сè – заклучува професорот.