Фронтменот на легендарната рок група „Ролинг стоунс“ Мик Џегер оваа недела ќе оди на операција на срцето. Како што пренесуваат светските медиуми, Џегер ќе биде опериран во Њујорк.

Бендот во саботата соопшти дека ќе ја одложи турнејата во САД и Канада. Се очекува Џегер (75) да се врати на бината до лето.