Метеоролошкиот сервис AccuWeather објави голема сезонска прогноза за Европа за претстојната зима. Според неа, ниту оваа година не можеме да очекуваме вистинска зима со многу снег. Напротив, се очекува топла и сушна зима.

Според прогнозата на AccuWeather, подрачјето на Балканот и југоисточна Европа ја очекува натпросечно тоопла и натпросечно сува зима.

– Единствен исклучок ќе биде Грција, каде што ќе се почувствуваат повремени продори на студен воздух и поројни дождови – пишува AccuWeather. Од исток се можни продори на студен воздух, но тие веројатно ќе бидат со кратко траење и не толку интензивни како изминатите години.

Северот на Европа оваа зима треба да се подготви на силни бури со оркански ветрови и поројни дождови. На Обединетотот Кралство и Скандинавија заради бурите им се закануваат поплави и проблеми во сообраќајот.

Финска и Украина добро ќе ја почувствуваат зимата, најмногу заради сибирските антициклони кои би можеле сибирскиот студ да го донесат до крајниот исток на континентот и да им се спротивстави на моќните атлански циклони кои над поголемиот дел на Европа ќе носат млак воздух.

Подрачјето на Германија и Франција, пак, го очекуваат обилни врнежи, но во форма на дожд. Ризикот од големи бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува помирно и посушно време.

Истокот на Европа, пак, го очекува „Ѕверот од исток“, односно продори на студен воздух што ќе донесе надпросечно ниски температури.

Натпросечно топлото време што го имаме оваа есен, веќе следната недела завршува. Следната недела доаѓа бран студен воздух од Арктикот, што ќе доведе до промена на времето и ниски температури.

Од Severe Weather Europe најавуваат дека од следната недела доаѓа студен бран што ќе се спушти кон Источна Европа. Според нив, студениот бран ќе почне да се развива следниот вторник кога над североисточна Европа ќе ослабе топлиот фронт. Во исто време над арктичкиот крај ќе се оформи студент фронт што ќе тргне преку Скандинавија, ќе се развие, ќе зајакне и ќе тргне во насока на источна Европа.

Од петок студениот фронт ќе доминира со источна Европа и Балканот, а студената воздушна маса забрзано ќе продолжи да се движи кон југ и веројатно ќе стигне до северозападна Турција. Сепак, се очекува од сабота студениот фронт да ослабе со брзо темпо.