На Саемот за автомобили во Стокхолм, „Мерцедес“ го претстави првиот свој модел кој се движи целосно на електричен погон. Со тоа, овој автомобилски производител покажа амбиции да стане сериозен конкурент на „Тесла” на светскиот пазар, јавуваат западните медиуми.

Новиот софистициран електромобил може да помине 450 километри со едно полнење и од германската компанија се надеваат дека нивниот нов производ ќе влезе во категоријата луксузни автомобили.

Нивната цел е да имаат околу 10 електрични модели до 2022 година, а до 2025 приходите на компанијата од електромобили да изнесуваат меѓу 15 и 25 отсто.