Необични барања на познатите

Некои од познатите музички имиња за време на турнеите и настапите низ светот, иако малку време поминуваат зад сцената, имаат интересни и необични желби за време на својата кратка пауза, а повеќето од нив се поврзани со храна. Каква храна бараат sвездите зад сцената? Прочитајте некои од најлудите барања за храна…
Аксел Роуз – Шише „дом перињон“ и едно парче исечен бел леб.
Бијонсе – Сочно печено пилешко, многу зачинето со лук, морска сол, црн пипер и „пепси“.
Били Ајдол – Задолжителни се меки американски колачиња со трошки од чоколадо.
Бритни Спирс – Бритни зад сцената бара стапчиња од риба, како и чизбургер од „Мекдоналдс“ без леб. Покрај тоа, таа сака да има сад со 100 сливи и смокви и врамена слика на принцезата Дијана.
Баста Рајмс – На својата листа на желби зад сцената, Баста Рајмс бара 24 парчиња пржено пилешко, пакувања кондоми и пиво „гинис“.
„Фу фајтерс“ – Единствениот услов на групата „Фу фајтерс“ и на сите членови се колбаси во големи количества.

Френк Синатра – Синатра барал едно шише „џек даниелс“, „чивас регал“, „курвоазие“, џин, бело и црвено вино. Покрај тоа, 24 големи ракчиња и ментол-бомбони.
Лејди Гага – Мал плех со сирење.
Мараја Кери – Мараја е многу едноставна во однос на нејзините барања, таа само сака шампањ со цевче.
Мерлин Менсон – Менсон морал да има гумени бомбони „харибо“ зад сцената.
„Најн инч неилс“ – Членовите на групата секогаш сакаат две кутии пченкарен скроб.
Принс – Посебен прибор за кафе и чај, вклучувајќи мед, лимон, шеќер и свеж корен од ѓумбир. Помош од медицински техничар за да му стави инјекција Б-12. Целата храна мора да се сервира и да се завитка во пластична фолија.
Ријана – Тврдо варени јајца, мисиркина сланина и колбас.
Ван Хален – Кисел сос и бонбони „ем ен ем“.