Излезе првиот албум на Мери Тодорова-Младеновска, „Lights“, со кој таа ја заокружи изминатата 2018 година.

На овој носач на звук има девет песни од различни композитори. Автори и аранжери се: Томислав Коцевски-Пепси, Јане Дунимаглоски, Ристо Апостолов- Водолија, Владо Грозданоски, Дејан Миленковски. Текстовите се на самата Мери, Бранко Николовски, Огнен Неделковски, Петар Нечовски, Симе Младеновски, Томислав Коцевски-Пепси.

Меѓу песните се и оние што се наградени на неколку македонски фестивали на забавна музика, како и дуетите на Мери со Петар Нечовски и со Јане Дунимаглоски. Специјален гостин е Петар Христов, сопран-саксофонист.

Дизајнот на албумот, кој се печатеше во Бугарија, го направи Димитринка Тодорова. Менаџер на целиот проект е Симе Младеновски, наедно и продуцент на серијалот ТВ-емисии „Лица и дела“, кој го уредува и води Мери на ТВ Сонце.