Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, вчера на својот твитер-налог наведе дека нејзините мемоари ќе бидат објавени во ноември. Таа ги опиша мемоарите како „длабоко лично искуство“.

Мишел и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, минатата година постигнаа договор со издавачката куќа „Пенгвин рандом хаус“ за нивните книги, а се претпоставува дека вредноста на договорот е 30 милиони долари.
Сите очекуваат многу од мемоарите на Мишел Обама, бидејќи се смета дека таа е почитувана во светот, како и дека никогаш досега не ја раскажала „нејзината приказна“.