„Мекдоналдс“ наскоро ќе го лансира својот прв вегански бургер во Велика Британија по тригодишно истражување и развој.
Долгоочекуваниот мекплант има плескавица од зеленчук развиена во соработка со „Бијонд мит“. Компанијата им ветува на клиентите веганско сирење базирано на протеин од грашок, кое има вкус како познатите парчиња сирење на „Мекдоналдс“.
Бургерот ќе се сервира во веганско печиво од сусам, со вегански сос, зелена салата, кромид, домат, кисели краставички, кечап и сенф.
Новиот хамбургер, кој ќе чини 3,49 фунти, ќе биде понуден во десет ресторани на „Мекдоналдс“ во Ковентри од 29 септември, пред да биде проширен во дополнителни 250 ресторани во Велика Британија од 13 октомври.
Мекплант ќе се подготвува одделно од другите производи на „Мекдоналдс“, користејќи специјални садови за готвење. Бургерот е сертифициран од Вегетаријанското друштво и содржи 429 калории.
Мишел Греам-Клер, главна директорка за маркетинг во „Мекдоналдс“ во Велика Британија и во Ирска, вели дека е многу задоволна што конечно ќе го лансираат мекплант во Велика Британија и во Ирска.