Бањањето во топла вода е здраво за срцето

Бањањето во топла вода, најмалку четири пати неделно, може да го намали крвниот притисок, но и ризикот од дијабетес тип 2. Ова го покажа неодамнешно истражување, чии резултати беа претставени на годишниот состанок на Европското здружение за проучување на дијабетесот (ЕАСД).
Новото истражување опфатило над 1.297 возрасни луѓе со дијабетес тип 2 и ги анализирало ефектите што редовното бањање во топла вода ги имало на нивното метаболичко здравје. Пациентите биле поделени во три групи. Оние од првата група се бањале четири или повеќе пати неделно, другите од еднаш до четири пати, а третата група еднаш седмично се бањала во топла када. Се собирале податоци, се правеле физички прегледи и крвни тестови и се покажало дека кај членовите на првата група е намалена телесната тежина, имало поуреден притисок и гликален хемоглобин (оној што го контролира шеќерот во крвта). Сите овие фактори помагаат за намалување на ризикот од дијабетес тип 2.
Во просек, возрасните чии мерни вредности се намалиле се бањале во топла када четири пати неделно, најмалку по 16 минути.