Просторија во која не смеат да се чуваат лекови!

Кујната е необично место за чување лекови, а не им е место ни во спалната соба, па најлогичен избор би требало да биде тоалетот. Но фармацевтите велат дека најлошото место за чување лекови е токму бањата. Тоа се должи на фактот што во оваа просторија лековите се изложени на голема влажност, што може да влијае на нивното дејство, односно лековитост. Истото важи дури и ако не се отпакувани лековите.
Се препорачува повеќето лекови да се чуваат на суво и ладно месно, на температура од 15 до 25 степени. Не би требало да се изложуваат ниту на висока температура, ниту на висока влажност. Во фрижидер се чуваат лекови за кои е посочено да се чуваат таму. Но кога дневните температури почнуваат да растат и да преминуваат над 25 степени, повеќето лекови и козметички производи се препорачува да се сместат во фрижидер или во просторија заштитена од надворешната топлина, светлина и влага.
Доколку лекот не е адекватно чуван, може да дојде до намалување на неговото дејство, губење на лековитоста, распаѓање, менување на својствата, бојата, конзистенцијата, мирисот и вкусот. Антибиотиците летно време треба да се чуваат во фрижидер. Експертите исто така советуваат дека не смеат лековите да бидат и на прениска температура под 2 степени, затоа што и во тој случај се губи нивната делотворност.