Со орален спреј најефикасно се внесува витаминот Д

Постојат убедливи клинички докази дека кај здравите испитаници серумските концентрации на витаминот Д по земањето преку орален спреј се двапати повисоки во однос на концентрацијата на витаминот примен преку капсули, таблети или капки. Кај пациенти што страдаат од проблеми со желудникот или со цревата, концентрацијата е трипати повисока.
За разлика од повеќето други производи на база на витаминот Д3, современите додатоци во исхраната во вид на орален спреј се поефикасни, попрактични и попогодни за примена кај сите лица, особено кај деца и луѓето што имаат тешкотии со голтањето или со желудникот и цревата спрејот овозможува брза и речиси целосна апсорпција.
А само како потсетување, витаминот Д влијае на повеќе од 200 гени: неопходен е за нормално растење на коските и забите, а во комбинација со калциум помага во заштитата на коските кај постарите лица од остеопороза. Меѓутоа, овој период е важно што тој го јакне имунолошкиот систем и е важен фактор во борбата против инфекциите. Недостигот од витамин Д во текот на зимските месеци нѐ прави поподложни на респираторни и вирусни инфекции.