Јаболковиот оцет го намалува нивото на шеќерот во крвта

Јаболков оцет се користи како лек со векови, а спектарот на лековити својства е навистина долг.
Консумирањето две лажици или помала чаша јаболков оцет по оброк значително ги намалува нивото на шеќерот во крвта и инсулинските реакции.
Студијата што неодамна ја објави Американското здружение за дијабетес го докажува тоа. Имено, дополнително се испитувало внесувањето јаболков оцет по оброк. Група испитаници што консумирале една лажица јаболков оцет по јадење имале значително подобри резултати од групата што не консумирала.
– Антигликемичниот ефект на оцетна киселина што се наоѓа во јаболковиот оцет го намалува нивото на шеќер. Оцетот значително го намалува нивото на гликоза и инсулин во крвта по оброците – се заклучува во студијата.
Сепак, пред да консумирате каков било природен лек, консултирајте се со вашиот матичен лекар.