Медицински совет

Ризикот од пренесување на коронавирусот од површина е низок, сметаат од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (УС ЦДЦ), од каде што објаснуваат дека е многу почесто пренесувањето на заразата преку воздухот.
Со истражувањето се сугерира дека површинскиот пренос е поверојатен во првите 24 часа по заразувањето на лицето и оти семејствата во кои едно лице имало ковид-19 имаат пониска стапка на пренос доколку површините се чисти и дезинфицирани. Значи, одржувањето на хигиената не е само губење време, но не е најважниот начин за претпазливост.
– Во повеќето случаи чистењето на површините со сапун или со детергент, а не со средство за дезинфекција е доволно да се намали малиот ризик од таквиот пренос на вирусот. Дезинфекцијата не е потребна, освен ако некој веќе заразен не бил во куќата во последните 24 часа – велат од центарот.
Чистењето треба да се насочи кон кваките и прекинувачите за светло.
Но, од друга страна, дезинфекцијата може да претставува и ризик.
Податоците покажуваат дека и самите средства за дезинфекција претставуваат ризик, бидејќи со нивна честа употреба (прскање, вдишување, нанесување) може да му се направи штета на телото.
За жал, само 58 отсто од луѓето знаат дека избелувачот не смее да се меша со амонијак, бидејќи тоа создава токсичен гас, кој им штети ан белите дробови. Исто така и самото избелување може да биде штетно. Деветнаесет проценти од испитаниците, прехранбените производи ги миеле со избелувач, а 18 отсто користеле домашно средство за чистење без заштитни ракавици – посочуваат од центарот.