Зајакнете го имунитетот на едноставен начин

Промената на нашите животни навики може да ни го зајакне имунитетот и да ни го подобри здравјето. Според лекарите, имунитетот не се гради само за време на пандемија или кога имаме проблем. Тоа се прави 365 дена во годината, но во практиката не е така. Но има некои општи правила, кои ако ги почитуваме, нема да си го загрозиме здравјето.
Првото правило е добар сон, кој е поважен и од редовно земање витамини. Кога не сме наспани, здравјето ни е загрозено. Најефикасниот сон е од 22 до 2 часот, а повеќето од младите не го практикуваат тоа. Освен тоа, повеќето спијат со мобилниот телефон до главата, кој постојано зрачи и затоа се будат уморни и ненаспани.
Не треба да заборавиме да пиеме вода во поголеми количества, до 2 литра дневно. Нашето тело е составено до 70 отсто вода, а кога ја немаме доволно, клетките одумираат.
И најважно од сѐ, треба да размислуваме позитивно. Еден мал трик може да ни помогне да се ослободиме од стресот пред да заспиеме. Пишувајте дневник, извадете сѐ од себе, но напишаното не го читајте, туку листот стуткајте го и фрлете го. На тој начин и психички ќе се ослободите од негативните мисли.