Како да се ослободите од масните наслаги на стомакот

Отстранувањето на масните наслаги од стомакот е тешка, но не и невозможна задача. Салото може да ги опфати и внатрешните органи, поради што е уште потешко да се ослободиме од него. Научно е докажано дека оваа појава е поголема опасност за здравјето од салото на колковите и бутините, бидејќи има улога во отпорноста на инсулин, што го зголемува ризикот од дијабетес, а предизвикува и срцеви заболувања.
Важно е да се зголеми внесувањето храна што содржи влакна, бидејќи го намалуваат чувството на глад и помагаат за намалување на масните наслаги.
Пробиотиците го подобруваат варењето и содржат живи бактерии што влијаат на согорувањето на стомачните масти. Исто така мора да се намали или прекине пиењето алкохол, зашто повеќето алкохолни пијалаци содржат шеќер, а тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина и натрупување сало во пределот на стомакот.
Затоа наместо грицки, јадете бобинки и шумско овошје. Задолжително треба да се намали и количеството шеќер што се внесува, бидејќи ако го има во поголеми количества, се зголемува нивото на инсулин, што му „сигнализира“ на телото да ја чува маснотијата.