Ако работите од дома, не заборавајте на мини-паузите

Поради работата од дома, работното време често може да се оддолжи, бидејќи луѓето тешко се исклучуваат и му се посветуваат на приватниот живот и по завршувањето на работните обврски. Поради тоа, многумина се жалат на константен замор и напнатост, а стручњаците како решение на проблемот препорачуваат мини-паузи.
Седењето на едно место со часови не е здраво, па затоа е потребно повремено да станете и да направите некоја физичка активност. Дури и кога работите од дома, истегнете се, прошетајте по собите, напијте се чаша вода.
Многумина по неколкумесечно работење од дома почнале да чувствуваат болки во грбот, а решението на тој проблем би можело да биде мини-пауза на секој час, кога треба убаво да се истегнете. Краткиот одмор е корисен и за концентрацијата, бидејќи е еден вид „ресетирање“ и ја зголемува продуктивноста. Мини-паузите ќе внесат освежување и ќе ја разбијат монотонијата. Затоа, за време на паузата оддалечете се од местото каде што работите. Само пет минути се доволни да не гледате во екранот на компјутерот.